Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Никол Ричи се маскира во Џенифер Лопез

ФОТО: Никол Ричи се маскира во Џенифер Лопез

Додека голем број холивудски ѕвезди потрошија многу часови за подготовката за Халовин забавите и се маскираа во комплицирани костими, Никол Ричи избра сосема поинаков метод за маскирање.

30-годишната дизајнерка се маскира во Џенифер Лопез! За нејзиниот смешен, но интересен костим, Ричи избра розови тренерки, авијатичарски очила и големи сребрени алки. Својот аутфит Никол го надополни со чанта Луј Витон, внимателно собрана коса во пунџа и раскошен златен тен.

Никол РичиНикол Ричи

Неколку дена претходно, Никол им се обрати на своите фанови на Facebook за да им порача на девојките да не се облекуваат во провокативни костими за Халовин.

Никол Ричи

Никол не беше единствената со ваков тип на маска. Џенифер Лав Хјуит и нејзиното момче беа маскирани во Анџелина Џоли и Бред Пит. Со себе тие носеа кукли кои требаше да го претставуваат големото семејство на популарната холивудска двојка.

Џенифер Лав Хјуит и нејзиното момчеЏенифер Лав Хјуит и нејзиното момче маскирани во Бранџелина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.