Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Најпопуларниот YouTube туторијал за Халовин

ВИДЕО: Најпопуларниот YouTube туторијал за Халовин

Халовин или Ноќта на вештерките е повод за прослави и маскирање. Популарниот празник поттикнува милиони лица да ги земат шминките и да се трансформираат до непрепознатливост. Според новите податоци кои ги објави Google, на светско ниво октомври е месецот кога има најмногу пребарувања за мејкап туторијали.

Најпопуларниот мејкап туторијал на сите времиња е создаден од славната Мишел Фан. Видеото во кое таа се маскира во Барби е објавено во 2009 година, а досега има над 57 милиони прегледувања.

Мишел е мајкап гуру на YouTube, чиј канал го следат над 7 милиони лица. Таа има создадено стотици туторијали кои стануваат сè поквалитетни.

Меѓу најпопуларните мејкап туторијали објавени овој месец се две видеа на Никол Гуреро. Во нив 28-годишната девојка се маскира во Кралица на срцата и во морничава крвава невеста.

Никол Гуреро

Едно од најгледаните мејкап видеа од октомври кои не се поврзани со Халовин доаѓа од Карли Бајбел, која чекор по чекор покажа како се стигнува до гламурозна вечерна шминка.

Податоците на Google говорат дека најмногу се пребарува за шминка за сува кожа во јануари, најголем е интересот за свадбена шминка и фризури во периодот мај-август, додека најмногу се бараат туторијали за маникир во јули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.