Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ен Хетавеј стана русокоса, Никол Ричи со седа коса на МЕТ 2013

ФОТО: Ен Хетавеј стана русокоса, Никол Ричи со седа коса на МЕТ 2013

Синоќа на црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк имаше многу модни изненадувања. Повеќе холивудски дами измамија воздишки со своја интерпретација на панкот во високата мода, но не беа малку и оние кои заработија тешки критики.

Меѓу „најозборуваните“ ѕвезди беа Ен Хетавеј и Никол Ричи, бидејќи изненадија со нови фризури. Ен заработи многу комплименти и пофалби за новата руса коса, но и за проѕирната црна тоалета од Валентино.

Ен Хетавеј Ен Хетавеј Ен Хетавеј

Од друга страна, Никол Ричи не воодушеви толку многу со својата нова седа коса. Сакајќи да го долови бунтовничкиот „панк“ дух кој не почитува правила, 31-годишната ѕвезда се појави со бела коса која беше во контраст со нејзиниот темен тен и бордите усни.

Никол Ричи Никол Ричи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11411 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.