Кејт Микучи сподели со своите фанови дека имала рак на белите дробови.
43-годишната ѕвезда од серијата „The Big Bang Theory“ во видео на TikTok објасни дека била изненадена кога ја добила лошата дијагноза, затоа што никогаш во животот немала пушено цигари.
Среќната вест е што болеста била откриена многу рано и со операција ракот бил успешно отстранет.

„Вчера имав операција поради рак на белите дробови. Го фатија многу рано. Навистина е чудно бидејќи никогаш во животот не сум испушила ни една цигара, па ме изненади. Претпоставувам дека може да се случи и најдобрата вест е што го фатија рано и го отстранија, па добро сум“ – вели таа во видеото.
@katiemicucci An update on what I’ve been up to. #sicktok #hospital #imokay #solucky #sendinglove ♬ original sound - Katemicucci
Ракот на белите дробови е најсмртоносниот тип на рак во САД. Иако пушењето е водечка причина за негова појава и ретко се случува некој кој никогаш не пушел да го има, сепак тоа може да се случи.
Микучи во коментарите била запрашана како го открила ракот и дали имала некакви симптоми, на што таа одговорила:
„Имаше едно нешто кое беше покачено на крвната слика, па направив скенирање на срцето и тогаш го забележаа“ – напиша таа и подоцна објасни дека имала високо CRP што значело дека има инфламација во телото.
Кејт е најпозната по улогата на Луси во „The Big Bang Theory“.



