Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ние не бевме само колеги, ние сме семејство“: Ѕвездите од „Friends“ се огласија по смртта на Метју Пери

„Ние не бевме само колеги, ние сме семејство“: Ѕвездите од „Friends“ се огласија по смртта на Метју Пери

Ѕвездите од серијата „Friends“ објавија кратко соопштение по трагичната загуба на нивниот пријател Метју Пери.

Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Џенифер Анистон, Мет Лебланк и Дејвид Швимер истакнаа дека се во длабока тага по смртта на Пери и дека сè уште не можат да најдат сила да зборуваат за тоа.

„Комплетно сме скршени од загубата на Метју. Ние не бевме само колеги, ние бевме семејство. Има толку многу нешта да се кажат, но сега потребен ни е момент да тагуваме и да ја процесираме оваа преголема загуба. Со текот на времето ќе зборуваме повеќе, кога ќе можеме. Засега, нашите мисли и нашата љубов се со семејството на Метју, неговите пријатели и сите оние кои го сакаа низ светот“ – стои во заедничкото соопштение на актерите.

Friends Friends

Претходно, и креаторите на хит-серијата се огласија со изјава.

„Шокирани сме и многу, многу тажни поради смртта на нашиот сакан пријател Метју. Тој беше брилијантен талент. Клише е да се каже дека актерот ја прави улогата своја, но во случајот на Метју нема повистинити зборови. Од денот кога за првпат го слушнавме како ја отелотворува улогата на Чендлер Бинг немаше никој друг актер за нас. Секогаш ќе ја негуваме радоста, светлината и заслепувачката интелигенција што ја носеше во секој момент. Секогаш беше најсмешната личност во собата“ – пишува во нивното соопштение.

Friends Friends Friends

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.