Вини Харлоу е поим за самодоверба.
28-годишната девојка, која има витилиго и во минатото беше нарекувана со погрдни зборови како „зебра“ и „крава“, блесна на синиот тепих на хуманитарната гала amfAR. На свеченоста на француската ривиера, таа самоуверено ги покажа белите дамки по телото во бела креација со висок шлиц од Ramzen. Покрај неа беше и нејзиното момче Кајл Кузма.








Таа блесна и на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.







И покрај тоа што била исмејувана додека растела, Вини е првиот модел со витилиго кој се проби во модниот свет, правејќи го поинклузивен за останатите девојки со различности. Многу млади девојки кои некогаш не се чувствувале удобно во сопствената кожа ја сметаат за свој херој и идол. Нејзина цел е да биде инспирација за лицата со витилиго и да ги поттикне самоуверено да го покажуваат своето тело.
„Поминав низ многу исмејување. Луѓето ме нарекуваа ‘зебра’ и ‘крава’, па ми беше многу тешко додека растев“ – раскажала Вини во интервју од своите почетоци во светот на моделството.
Во еден момент таа помислувала и на самоубиство. „Не можев да го поднесам стресот. Но дали мојата кожа беше виновна за тоа? Не, туку мојот никаков став кон неа. Ако ја прифатев и започнев да се однесувам кон себе како што заслужувам, немаше да биде важно што велат другите затоа што ќе се сакав себеси... Па, токму тоа и го направив. Се сакав себеси и со тоа многу можности започнаа да паѓаат во мојот скут и му благодарам на Господ за тоа. Трудете се да се сакате себеси“ – рекла Харлоу.

Сега, години подоцна, таа е горда што е гледана како инспирација.
„Прекрасно е што можам да помогнам и да инспирирам самодоверба кај луѓето, без разлика на нивната возраст“.
„Сакам да му покажам на светот дека убавината е онаква каква што секој од нас сака да биде“ – рече таа во интервју за јунското издание на списанието Women’s Health, за кое позираше без облека.



Харлоу има создадено голема мрежа обожаватели на Instagram. Нејзиниот живот го следат повеќе од 10 милиони лица, кои секојдневно ја опсипуваат со комплименти.