Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не си ги менувај градите“: Викторија Бекам призна дека жали за пластичната операција за зголемување на градите

„Не си ги менувај градите“: Викторија Бекам призна дека жали за пластичната операција за зголемување на градите

Викторија Бекам откри дека се кае за својата одлука за естетската корекција на градите.

42-годишната дизајнерка напиша отворено писмо во кое ѝ се обраќа на својата млада верзија и во кое ги открива нештата кои посакува да ги знаела кога имала 18 години.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

„Научи да ги прифаќаш своите несовршености – тоа е она што сакам да ти го кажам. Дозволи ѝ на кожата да дише, употребувај помалку шминка... И она што веројатно треба да го кажам е да не си ги менуваш градите. Сите овие години јас го одрекував тоа – глупава. Тоа е знак на несигурност. Едноставно, цени го она што го имаш“ – пишува славната мајка на четири деца.

Викторија Бекам

Викторија си ги зголеми градите додека беше дел од женската група „Spice Girls“, но во интервју за „Allure“ во 2014 година, таа откри дека си ги отстранила големите импланти.

Викторија Бекам

Во писмото, Викторија исто така признава дека на прв поглед се заљубила во својот сопруг, Дејвид Бекам.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.