Изминатиов викенд, Елена Ристеска имаше непријатна случка во скопски кафе бар.
Благодарение на пријател, македонската пејачка избегнала напад со тврд предмет од девојка која се наоѓала во истиот објект.

По излегувањето на оваа вест во многу медиуми, Елена се огласи со порака на Instagram. Прочитајте ја во продолжение:
Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.
Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови.
Од Министерството за внатрешни работи пишуваат: „Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“