Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најубавиот новогодишен подарок: Џесика Алба со фотографии објави дека го роди третото дете

Најубавиот новогодишен подарок: Џесика Алба со фотографии објави дека го роди третото дете

Џесика Алба го доби најубавиот новогодишен подарок. Славната актерка го роди третото дете на 31 декември, па јасно е како таа ја дочека Новата година.

Шармантната холивудска ѕвезда и нејзиниот сопруг Кеш Ворен ја споделија среќната вест преку фотографии од новороденото синче.

Бебето го доби името Хејз Алба Ворен.

„Твојата мајка е најсилната жена која ја познавам... ти си голем среќниќ што ја имаш покрај себе. Имаш две прекрасни сестри кои веќе те обожаваат и знам дека и ти ќе бидеш благодарен што ги имаш нив да ти го покажуваат патот. На првиот ден од твојот живот, ветувам дека ќе те сакам, ќе те почитувам и ќе ти дадам кутија полна со соништа за истражување. Добредојде во семејството мое слатко бебе Хејс! 31.12.2017“ – напиша Ворен на Instagram.

A post shared by Cash Warren (@cash_warren) on

Алба и Ворен стапија во брак во 2008 година. Нивната прва ќеркичка Хонор се роди истата година, додека Хевен дојде на овој свет во 2011 година.

Алба Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.