Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Најтешкиот момент во животот“: Роналдо за првпат се отвори за смртта на новороденото синче кое го крстија Ангел

„Најтешкиот момент во животот“: Роналдо за првпат се отвори за смртта на новороденото синче кое го крстија Ангел

Кристијано Роналдо за првпат се отвори за загубата на новороденото синче. Славниот фудбалер зборуваше за справувањето со тагата, како и реакциите на неговите деца.

Роналдо и неговата девојка Џорџина очекуваа близначиња, но при породувањето изгубија едно од новородените бебиња. Преживеа нивната ќеркичка која го доби името Бела Есмералда.

Во интервјуто со Пирс Морган, 37-годишниот спортист призна дека тоа беше најтешкиот момент од неговиот живот.

„Тоа веројатно беше најлошиот момент низ кој минав во мојот живот. Со Џорџина имавме многу тежок период, бидејќи не разбиравме зошто ни се случи тоа нам. Да бидам искрен, тешко беше, беше тешко да се разбере што се случува. Како што знаете, фудбалот продолжува, имавме многу натпревари. И минувањето низ тоа беше најтешкиот момент за мене и за моето семејство, особено за Џио (Џорџина)“ – вели тој.

Роналдо

Кристијано сподели колку е тешко да тагуваш за загубата на синот, а истовремено да се радуваш на раѓањето и животот на ќерката.

„Понекогаш се обидувам да им објаснам на пријателите и семејството дека е тешко да бидеш радосен и тажен во исто време. Тешко е да се објасни. Не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Не знаеш како да реагираш и што да правиш“ – дополни тој.

Роналдо

Роналдо откри дека покојното бебенце го крстиле Ангел и зборуваше за моментите кога морале да им кажат на другите деца што се случи со нивното братче.

„Кога Џио пристигна дома, децата започнаа да прашуваат каде е другото бебе, каде е другото бебе. Една недела подоцна, јас реков: ‘Да бидеме искрени со децата, ајде да им кажеме дека, Ангел, кое е негово име, отиде во Рајот’“ – признал Роналдо.

„Децата разбираат, имавме неколку дискусии на трпезата и тие велат ‘Тато, го направив ова за Ангел’ и покажуваат кон небото. Што ми се допаѓа, бидејќи е дел од нашите животи. Нема да ги лажам моите деца, ја кажувам вистината, што е тежок процес“ – дополнил тој.

Видео:

Роналдо се расплака кога водителот му покажа видео од неговиот покоен татко.

Роналдо Роналдо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.