Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Наталија Теодосиева – млада, мултиталентирана, посебна

Наталија Теодосиева – млада, мултиталентирана, посебна

Интервјуто со Наталија Теодосиева за Магнетик е спонзорирано од Marella.

Работеше на рекламите на Скопско на Милчо Манчевски и на неговиот последен филм. Кажи нешто повеќе за искуството да работиш со Милчо Манчевски? Што најмногу научи од ова искуство?

- Милчо Манчевски е режисер кој си ја има прецизирано идејата уште пред да почне снимањето и точно знае на кој начин сака да допре до публиката. Во случајов, се работи за сосема два различни медиуми: комерцијален спот и уметнички филм.

Филмските остварувања самите по себе се комплексни содржини. Во овој процес се создаде една интензивна уметничка конекција помеѓу режисерот и една од главните хероини (Родна). Неговата темелност и прецизност јасно ме насочија кон патот на градење лик и во таа позиција јас како актерка не би можела да ги поместам сопствените граници без неговата интуитивност и неговите совети. Не можам да кажам што точно сум научила, освен што чувствувам дека сум искачила едно скалило погоре во својот актерски израз.

Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева

Средното образование го заврши во нашето средно балетско. Што значи за тебе танцот?

- Во нашава мала културна средина, овој музичко-балетски училишен центар, ја има поставено основата кај многу уметнички имиња кои постигнаа и светски кариери. Затоа и за мене тоа искуство е ненадоместливо, колку и да биле тешки годините, така млада да се снаоѓам во нова средина. Танцот сè уште е дел од моето внатрешно движење на кое секогаш му се навраќам со многу ентузијазам возбуда и малку тага. Баш поради тоа најмногу се радувам на претставите каде можам да ги спојам актерството и танцот.

Беше дел и од алтернативниот театарски перформанс Fictional State. Како стана дел од овој проект? Што значи за тебе ваквиот тип на проект, кажи ни нешто повеќе?

- Во Fictional State, прв пат пред 5 години се сретнав со германски современ алтернативен израз. Ваквиот тип на перформанс кај нас не беше чест случај. Затоа овој проект за мене е продлабочување на моето актерско искуство, проширување на моите видици итн. Кастингот за овој перформанс се правеше во Скопје. По допрен глас, Ерина Богоева како продуцент и асистент на режија ме повика на тој кастинг. И така станав дел од ова европско патешествие (Грац, Бремен, Хамбург, Берлин, Минхен, Нинберг, Скопје итн). Во перформансот се појавувам заедно со Ивица Димитриевиќ и Бобан Кулески, играме исклучиво во клубови зашто настапуваме како тројца DJ-и. Од долгите истражувања режисерот доаѓа до информација дека за време на војната во 2001, млади од сите националности (главно Македонци и Албанци) во предградието на Скопје нелегално се собирале во клуб и правеле журки како револт насочен против конфликтот. Fictional State не само што е базиран на вистински случувања туку говори, односно го критикува, и проектот Скопје 2014.

Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева

Учествуваше и на проект кој го претставува минувањето на бегалците низ Европа. Како се подготвуваше за овој проект? Како влијаеше целиот овој проект на тебе лично?

- Австрискиот режисер Франц вон Стролхен повторно ме побара, но за разлика од Fictional State, во која учевствуваше македонска актерска екипа, во Impossible Vastness јас работев со театарџии од цела Европа. Премиерата ја изведовме во Грац, пробите се одвиваа во Хамбург, а подготовките за претставата почнаа уште летото 2017, кога веќе беше затворена т.н. балканска рута. Тогаш заедно со Франц тргнавме од македонско-грчката граница, па сè до Виена, одејќи по патиштата и стапките на мигрантите. Собирајќи приказни од луѓето кои им помагале или само немо ги посматрале од своите домови, сфатив дека нивните несреќи се многу поголеми од што ние можеме и да си замислиме. Губењето на фамилии и домови е нивно секојдневие. Желбата за слобода и достоинстен живот ќе ги натера да поминат низ пеколот за само да стигнат на местата каде ќе се чувствуваат безбедно.

Една од омилените претстави на кои си работела е „Солун град на духови“. Кога работиш на претстава стануваш дел од колективот? Како е да работиш токму со таа плејада на артисти? Каква енергија кружеше меѓу вас?

- Една од причините зошто е толку барана и гледана оваа претстава е извонредната колективна игра. Ова е екипата со која би работела до бескрај. Меѓу нас преовладува неверојатна енергија која те тера да уживаш додека играш и да допридонесуваш во секоја нова изведба. Суетата и желбата за индивидуално истакнување не постои овде. Ова се артистите кои ми се другари и колеги и на кои сум многу горда зашто секој од нив е неверојатено талентиран и уникатен во својот актерски израз. Ова е и мојата прва соработка со Слободан Унковски што е една од главните причина да оваа претстава стане моја омилена.

Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева

Се подготвува летен проект, школа за танц – камп на Beatrix. Ти ќе бидеш таму еден од менторите? Дали досега имаш вакво искуство?

- Неодомна добив повик од Ивана Балабанова - основачката на Beatrix, со задоволство го прифатив овој предизвик. Се работи за неколку часови, каде што јас сама ќе треба да си ја смислам програмата за моите предавања, нормално, како актерски пристап во танцот. Сепак не би влегувала во детали затоа што сè уште сме на самиот почеток во подготвките. До сега сум работела како ментор на повеќе проекти, но воглавно биле во врска со театар.

Што е следно за тебе професионално?

- Во моментот работам на претставата Макбет во МНТ, во режија на Нела Витошевиќ, се надеваме на премиера во април. На пролет ме чекаат возбудливи филмски и телевизиски проекти, но за тоа би зборувала кога ќе дојде времето за нив.

Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева

Препорачај ни филмови за викенд.

- Корејската романична комедија „Castaway on the Moon“; крими драма трилер комедијата „I don’t feel at home in this world anymore“ и полскиот кандидат за оскар „Cold war“.

Се бавиш со танц, глума, со каков друг тип на уметност би се бавела. Дали модата е за тебе вид на уметност?

- Музика! Би сакала да имам малку повеќе време за да се усовршам во моите вештини на пијано.

Модата е секојдневно изразување на својата личност, на моменталното лично расположение, секој носи она што му се допаѓа односно го носи она во кое пронаоѓа некој дел од својот карактер, па така гледам дека може да биде вид на уметност.

Дали сметаш дека твојот личен стил те отсликува тебе како карактер. Кое парче облека најмногу ја дефинира Наталија?

- Не верувам дека стилот ми го открива целосниот карактер тука она што јас сакам да го покажам во моментот, отсликува но само дел од мене. Но, сепак, секое парче облека сум го бирала јас и точно сум знаела зошто го сакам. Наталија ја дефинираат тесни фармерки. :)

Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева Наталија Теодосиева

Што не би облекла никогаш не премиера?

- Бунда од природно крзно.

Од што се плашиш, приватно и професионално? Што е она што ти дава сила да продолжиш без разлика на сè?

- Моите стравови се релативни, веројатно затоа што тоа е тоа што ме мотивира и ми дава сила да работам на себе лично и како актерка. Стравот кој денес ме демне е мојот предзвик, неправдата и неуспехот ме потсетуваат на тоа дека морам да продолжам да се борам но овој пат со друг метод. Тогаш сфаќам дека мојата професија (а и животот) од мене го бара баш ова зашто ако е поинаку претопувањето во медиокритетот ми е загарантирано.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.