Натали Портман е меѓу ѕвездите кои се многу заштитнички настроени во однос на приватниот живот и ретко се фотографирани настрана од професионалните ангажмани. Но, популарната актерка не помина незабележана од австралиските папараци.
39-годишната Оскаровка со сопругот Бенџамин Мијипје и двете деца се релаксираше на плажа.
Шармантната убавица им се придружи на 6-годишниот син Алеф и 3-годишната ќерка Амалија во потрагата по школки и камчиња.


















Портман неколку месеци престојува во Австралија за снимањето на филмот „Thor 4“.
Со оглед на тоа што Австралија успешно се справува со корона кризата, моментално таму нема многу строги рестрикции и животот полека се враќа во нормала.