Сиа и Ден Бернард уживаат во убавините на Италија.
Два дена по изненадното стапување во брак, 47-годишната пејачка и нејзиниот избраник беа фотографирани во Санта Маргерита Лигуре. Пејачката, која си го крие лицето со перика за време на своите настапи, изгледаше насмеано и среќно покрај својот сакан. Таа носеше розов широк фустан.












Сиа и Ден викендов се заколнаа на вечна љубов во вилата на Долче и Габана на интимна церемонија со само шест лица.



Не е откриено кога Сиа започна да се состанува со Ден. Таа има споделено само една фотографија со него во октомври минатата година.
Партнерите се појавија заедно на премиера во декември 2021 година, но и двајцата носеа маски за да го сокријат својот идентитет.

Сиа посвои две момчиња во 2019 година, а следната година за GQ изјави дека планира да остане сингл цел живот.
„Одлучив да бидам сингл до крајот на мојот живот и штотуку посвоив син, немам време за љубовна врска“ – рекла таа.

