Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Надреално доживување: Импресивната сала „Sphere“ во Лас Вегас се отвори со концерт на U2

Надреално доживување: Импресивната сала „Sphere“ во Лас Вегас се отвори со концерт на U2

Со концерт на U2 беше означено отворањето на необичната сала „The Sphere“.

Изградбата на импресивниот објект во Лас Вегас чинела околу 2,3 милијарди долари и е еден од најскапите објекти наменети за забавни настани.

Целата внатрешност и надворешност е прекриена со ЛЕД екран со висока резолуција, озвучувањето е кристално чисто и има посебен аудио-систем за секое седиште.

Оваа сала има капацитет за 18.000 гости кои ќе можат да проследат спектакуларни музички и визуелни шоуа.

Футуристичката конструкција потсетува на планета, а видеата кои кружат на социјалните мрежи од концертот на U2 покажуваат дека тоа навистина е надреално искуство.

The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere The Sphere

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25597 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.