Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На третата годишнина од бракот Мараја Кери роди момче и девојче

На третата годишнина од бракот Мараја Кери роди момче и девојче

За својата трета годишнина од бракот, Мараја Кери и Ник Канон го добија најубавиот подарок – две малечки бебиња, момче и девојче.

Мараја Кери и Ник КанонМараја Кери и Ник Канон

Мараја Кери се породи вчера во болница во Лос Анџелес, потврди нејзиниот гласноговорник. Според официјалните информации, 41-годишната пејачка прво го родила девојчето кое тежело 2,35 килограми, а потоа момчето кое тежело 2,44 килограми.

Мараја била многу смирена затоа што сметала дека се работи за лажни контракции, а Ник бил толку збунет што во болницата тргнал во погрешна насока, па сестрите требало да го насочат кон породилното одделение.

„Мојата жена тукушто ми го даде најневеројатниот подарок за годишнина. Никогаш нема да можам да го надминам ова!“ – напишал Ник на Twitter.

Сè уште малечките немаат добиено имиња, но Ник имаше изјавено дека имињата ќе бидат уникатни.

Мараја и Ник се во брак три години и долго време се обидуваа да имаат деца. Неодамна Мараја призна дека еднаш доживеала и спонтан абортус. И Ник и Мараја не ја криеја среќата за време на бременоста, честопати повторувајќи дека децата се најголемиот дар на земјата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10606 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.