Почина Анџела Ленсбери. Врвната актерка издиша за последен пат пет дена пред нејзиниот 97-ми роденден.
„Децата на дамата Анџела Ленсбери со тага објавуваат дека нивната мајка почина мирно во нејзиниот сон во домот во Лос Анџелес во 1.30 часот денес, 11 октомври 2022“ – стои во соопштение од семејството.

Талентираната актерка беше најпозната по улогата на Џесика Флечер во американската крими серија „Murder, She Wrote“, а нема кој не ја знае по тоа што го позајми гласот за госпоѓата Потс и ја отпеа најубавата песна од дизниевата бајка „Убавицата и ѕверот“. Нејзината кариера се протегаше низ осум децении и беше една од последните филмски диви од златното доба на Холивуд.

Покрај филмските улоги, Ленсбери има глумено во бројни театарски претстави на Бродвеј и се има закитено со пет Тони награди.
Во 2013 година, Анџела прими почесен Оскар од Академијата за филмска уметност во чест на нејзината 80-годишна актерска кариера.






Анџела е мајка на три деца – Антони, Деидре и Давид.
