Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Музичари со Даунов синдром и аутизам ќе ја претставуваат Финска на Евровизија

Музичари со Даунов синдром и аутизам ќе ја претставуваат Финска на Евровизија

Панк бендот „Pertti Kurikan Nimipäivät“ или „PKN“, составен од четворица музичари со Даунов синдром и аутизам, победи на националниот избор на песна за Евровизија во Финска.

Панк бенд PKN

Средовечните панкери, кои имаат потешкотии во учењето поради нивниот хендикеп, ќе ја претставуваат Финска со песната „Aina Mun Pitaa“ или „Always I Have To“, во која се пее за нештата кои секојдневно мораме да ги правиме, а не ни носат уживање, како миење садови или правилна исхрана.

Се шпекулира дека квартетот кој ја доби поддршката од Финците е еден од фаворитите за победа на Евровизија. Целта на влегувањето на PNK во познатиот натпревар била да се подигне свеста на луѓето за лицата со Даунов синдром.

„Лицата со хендикеп треба да бидат похрабри. Тие треба да си разграничат што сакаат, а што не сакаат“ – рекол пејачот Кари Алто и додал дека не сака луѓето да гласаат за нив поради нивниот хендикеп. „Не сакаме луѓето да гласаат за нас заради тоа што нè сожалуваат, ние не сме толку различни од сите останати, ние сме само нормални момци со ментален хендикеп“ – рекол Алто.

Бендот во 2012 година учествуваше и во снимањето на документарниот филм „The Punk Syndrome“, кој прикажува како живеат лицата со хендикеп.

Евровизија 2015 ќе се одржи во мај во Виена, Австрија, а наш претставник ќе биде Даниел Кајмакоски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.