Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѓоко Танески ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Ѓоко Танески ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Македонија и официјално доби свој претставник за Евровизија 2010. Ѓоко Танески со композицијата „Јас ја имам силата“ ја доби целосната поддршка од стручното жири и стана победник на домашниот избор на песна за Евровизија.

Дел од публиката во Универзалната сала, која што во мал број го следеше настанот во живо, ја дочека веста за победникот со воодушевување и аплауз, но дел не го поддржа изборот и го исвиркуваше повторното појавување на Ѓоко на сцената.

Причина за спротивставеното расположение беа конечните резултати. Ѓоко Танески имаше еднаков број на бодови со второпласираниот Влатко Илиевски. Танески освои максимален број бодови од жирито – 12, а од телефонското гласање на публиката освои 10.

Обратно, Влатко имаше чест да добие 12-ка од публиката и 10-ка од жирито. Со тоа и двајцата музичари добија по 22 бода.

Според правилата, во случај на израмнет резултат, предност има оној кој добил повеќе бодови од жирито, во случајот – Ѓоко. Така, Влатко Илиевски остана на второто место со композицијата со наслов „Среќа“. Зад него се најдоа Маја Вукичевиќ со „Фама“ и Влатко Лозановски со „Летам кон тебе“.

Ѓоко Танески ќе ја претставува Македонија на 55-тиот по ред музички фестивал Евровизија, кој оваа година ќе се одржи во Осло, Норвешка.

Ѓоко Танески – „Јас ја имам силата“

Влатко Илиевски – „Среќа“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.