Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015

Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015

И официјално Македонија доби свој претставник за Евровизија 2015. Даниел Кајмакоски победи на вечерашниот Скопски фестивал и воедно ја доби можноста следната година да нè претставува на евровизиското натпреварување во Виена.

Даниел настапи со композицијата „Лисја есенски“ и освои вкупно 22 поени. Познатиот пејач доби и парична награда во износ од 20.000 евра.

Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

На второто место остана Тамара Тодевска со својата песна „Брод што тоне“ (20 поени), а третопласирана беше Еги со песната „Да не те сакам“ (18 поени).

Скопски фестивал

Васил Зафирчев беше домаќин на фестивалот кој се одржа во „Метрополис арена“. Вкупно 20 композиции беа изведени од познати македонски пејачи во придружба на ревискиот оркестар на МРТ. Победникот беше избран по евровизиски метод, т.е. со телефонско гласање и оценување од страна на меѓународно жири во сооднос 50-50.

Јубилејното 60-то издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Двете полуфиналиња се закажани за 12 и 14 мај, додека финалето е планирано да се одржи на 16 мај 2015 година. Годинава во музичкиот натпревар победи Кончита Вурст со „Rise Like a Phoenix“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.