Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот за евровизиската „Autumn Leaves“ на Даниел Кајмакоски

ВИДЕО: Спотот за евровизиската „Autumn Leaves“ на Даниел Кајмакоски

Пред малку официјално беше објавен спотот за песната „Autumn Leaves“ (Лисја есенски) со која Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015 во Виена.

Музиката и текстот на англиската верзија на песната ги потпишува Швеѓанецот Јоаким Персон, додека за аранжманот и продукцијата беше задолжен Роберт Билбилов.

Видеото не е класичен спот и прикажува љубовна приказна. Даниел изјавил дека цртежите покажуваат моменти од неговиот личен живот и дека оној цртеж на кој момче и девојка седат на клупа е негова приказна.

Даниел ќе настапи на првата полуфинална вечер на 60. издание на популарниот музички фестивал на 19 мај. Големото финале е закажано за 23 мај.

Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11347 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.