Моника Белучи беше специјална гостинка на премиерата на документарниот филм „Devotion“, снимен за нејзините блиски пријатели – дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана.
На Филмскиот фестивал во Таормина, Сицилија, 55-годишната актерка се појави во бордо фустан и црна чантичка токму од Долче и Габана. Креацијата со чипка одлично ја истакна женствената фигура на Белучи.


Славните италијански креатори ја придружуваа сексапилната убавица на црвениот тепих.








