Моника Белучи и Тим Бартон веќе некое време не ја кријат врската и уживаат во заеднички излегувања. Но, синоќа го имаа првото појавување како пар на црвениот тепих.
59-годишната италијанска актерка и 65-годишниот режисер рака за рака зачекорија на премиерата на филмот „Diabolik Chi Sei“ во рамките на Римскиот филмски фестивал.
На 18-тото издание од манифестацијата, Моника ја истакна фигурата во тесен темносив фустан, кој го комбинираше со екстра високи потпетици.

















Претходно, Моника се појави на настан во рамките на фестивалот облечена во црна креација.








