Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Молк и тага: Еве како организаторите и играчите на Супер Боул му оддадоа почит на Коби Брајант и жртвите во несреќата

Молк и тага: Еве како организаторите и играчите на Супер Боул му оддадоа почит на Коби Брајант и жртвите во несреќата

Организаторите, играчите и сите присутни на Супер Боул му оддадоа почит на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и на сите кои го изгубија животот пред една недела и им изразија сочувство на нивните блиски.

Пред да започне големото финале во Мајами, на екранот беше прикажана фотографија од Коби и Џиана заедно со имињата на сите загинати во хеликоптерската несреќа. Додека сите молчеа и тагуваа, играчите од двете екипи стоеја на 24 јарди на својот дел од теренот во чест на бројот 24, кој Брајант го носеше на својот дрес во Лејкерс.

Супер Боул 2020 Супер Боул 2020 Супер Боул 2020 Супер Боул 2020

„Дами и господа, ве молам придружете се во моментот на молчење додека го изразуваме нашето најдлабоко сочувство на пријателите и семејствата на оние кои ги загубивме изминатава недела... Тие никогаш нема да бидат заборавени“ – одекнуваше на стадионот.

Видео

За време на загревањето пред натпреварот, голем број од играчите носеа копачки со кои ѝ оддадоа почит на прерано починатата кошаркарска легенда.

Супер Боул 2020 Супер Боул 2020 Супер Боул 2020 Супер Боул 2020

Претходно, Џенифер Лопез зборуваше за големата загуба на настан за Супер Боул.

Видео

Коби и неговата ќерка Џиана ги загубија своите животи во хеликоптерска несреќа во Калабасис, Калифорнија, на 26 јануари.

Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.