Џенифер Лопез не се плаши да експериментира со својот стил. 53-годишната ѕвезда во впечатлив стајлинг го промовираше својот нов филм „The Mother“ и привлече многу коментари.
За гостувањето во шоуто „LIVE with Kelly and Mark“, славната актерка и пејачка носеше смела модна комбинација и од глава до пети беше облечена во модели со леопардски принт.
Краткиот фустан и чантичката доаѓаат од модната куќа Валентино.












