Блејк Лајвли и Тејлор Свифт издвоија време за заедничка дружба. Славните пријателки во модерни стајлинзи се упатија на вечера во пицеријата „Lucali“ во Њујорк, кога беа пресретнати од папараците.
36-годишната актерка ги истакна тонираните нозе во мини здолниште кое го надополни со колоритна блуза и складни обувки, додека 34-годишната пејачка за оваа пригода избра кадифен темнозелен фустан и кафеави чизми над колената.











