Џенифер Лопез се радува што нејзиниот нов филм конечно е достапен на Netflix.
Премиерата на „The Mother“ синоќа се одржа во Вествуд, Калифорнија, каде се собра голем дел од актерската екипа.
На филмскиот настан, Џеј Ло се појави со својот сопруг Бен Афлек. Славниот пар си разменуваше бакнежи додека позираше пред бројните фоторепортери.
53-годишната актерка и пејачка носеше шик модна комбинација од Brunello Cucinelli, која ја надополни со чантичка од Tyler Ellis и накит од Fernando Jorge.









Џенифер се фотографираше и со актерката Луси Паез, која ја има улогата на нејзината ќерка во „The Mother“.









„The Mother“ е акционен филм во кој Лопез глуми убиец, принуден да се откаже од ќерката по породувањето и да се сокрие од светот за да ја заштити неа и себеси. По долги години криење, мајката излегува од засолништето за да ја спаси киднапираната ќерка.