Џенифер Лопез шармираше со ново стилско издание вредно за комплименти. Славната актерка и пејачка се дотера во модерен комплет и се пофали со новата фризура со шишки.
Елегантните панталони и кошулата со врзување се од брендот Lapointe додека малата чантичка е дело на модната куќа Valentino.

Познатиот стилист за коса Крис Еплтон сподели фотографија од новата фризура на 51-годишната ѕвезда.

Во истиот аутфит Лопез беше на вечера со нејзиниот свршеник Алекс Родригез.






