Викторија и Дејвид Бекам организираа вечера за да прослават за лансирањето на нејзината нова колекција парфеми.
Парот изгледаше модерно пред ресторанот „Fasano“ во Њујорк. 49-годишната дизајнерка носеше впечатлива црвена креација со „V“ деколте и цветови од сопствениот бренд, додека 48-годишниот поранешен фудбалер искомбинира костум со патики.









Секој парфем од линијата на Викторија е именуван според моменти од приватниот живот на парот.




Хелена Кристенсен, Оливија Палермо и Џена Лајонс беа меѓу славните личности присутни на вечерата.