Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Многу ми недостига“: Тамара со насолзени очи зборуваше за ќеркичката во евровизиско интервју

„Многу ми недостига“: Тамара со насолзени очи зборуваше за ќеркичката во евровизиско интервју

Тамара Тодевска дозволи емоциите да ја надвладеат додека зборуваше за својата ќеркичка Хана и евровизиска песна која ѝ ја посветува.

Во интервју кое го сними во Тел Авив, Тамара отворено призна дека плачела цело време додека ја снимала песната „Proud“.

„Плачев цело време додека ја снимав песната. Бев многу емотивна и нормално е публиката да ја чувствува таа емоција, бидеќи јас давам сè од себе, душата, срцето, секоја солза на таа песна. Плачам бидејќи е за ќерка ми, многу ми недостига. Навистина ми недостига. Песната е за неа, таа беше мојата инспирација“ – вели македонската пејачка.

ВИДЕО

Тамара носи накит од италијанскиот бренд Rebecca, кој од минатата година има свој продажен салон во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје.

Тамара Тодевска

33-годишната музичка ѕвезда носеше накит Rebecca и додека патуваше за Израел. На привезокот стои буквата „Х“, за нејзината ќеркичка Хана.

Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Тодевска гордо призна дека е среќна што пораката која ја пренесува преку својата песна допре до толку многу луѓе. „Важно е за нас да влеземе во финалето. Но, јас веќе победив, за мене јас веќе победив. Ја споделив пораката, која ги допре луѓето што требаше да ги допре, а тоа е победничката точка за мене“ – додава Тамара.

Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.