Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Младоликата Шер мамеше погледи на настан во Њујорк откако потврди дека е во врска со 40 години помлад продуцент

Младоликата Шер мамеше погледи на настан во Њујорк откако потврди дека е во врска со 40 години помлад продуцент

Шер изгледаше децении помладо на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) во Њујорк.

76-годишната музичка легенда се појави на модниот настан во црн кожен стајлинг од Chrome Hearts и собра бројни комплименти. Нејзиниот изглед многумина го споредија со оној од спотот за „If I Could Turn Back Time“.

Шер Шер Шер Шер Шер Шер Шер Шер Шер Шер Шер

Пред неколку дена, Шер беше фотографирана за рака со 36-годишниот музички продуцент Александар Едвардс со што поттикна гласини дека е во врска со него. Таа на својот Twitter профил го потврди тоа, пишувајќи: „Љубовта не знае за математика... ‘Хејтерите’ ќе шират омраза. Не е важно што ние сме среќни и никому не пречиме“.

Шер Шер Шер

Едвардс претходно беше во врска со Амбер Роуз со која има еден син. Таа го обвини дека ја изневерил со 12 различни луѓе, а тој неверството го призна и на социјалните мрежи.

Шер

Поради сето ова фановите на Шер изразија загриженост дека тој ја искористува. На ваквите коментари, таа возврати: „Вљубена сум, не сум слепа“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.