Хали Бери беше дел од славните гостинки на ревијата на Мајкл Корс во Бруклин.
На модниот спектакл, 57-годишната актерка изгледаше младолико во припиена црна креација со шлицови и длабоко деколте која ѝ го истакна сексапилот. Својот изглед, ѕвездата од „John Wick 3“ го надополни со впечатлив накит од брендовите Melinda Maria и Rachel Katz.




Хали беше придружувана од партнерот Ван Хант, а позираше и со Корс.








На ревијата во рамките на Њујоршката модна недела се прикажуваше колекцијата пролет/лето 2024 на американскиот дизајнер.