Изабел Прејслер моментално ја промовира својата серија која ја сними во соработка со Disney+. Во новиот проект таа прикажува како се подготвува и како го прославува Божиќ, а ја споделува и носталгијата за некогашните празнични моменти со своите пет деца.
Деновиве, 72-годишната мајка на Енрике Иглесијас гостуваше во неколку емисии и присуствуваше на премиерата на серијата во Мадрид. На филмскиот настан, таа носеше црн костум со везени цветови од Мајкл Корс.



Елегантен син костум беше изборот на Изабел за гостување во телевизиска емисија.




Поранешната манекенка и водителка сè уште изгледа фантастично и покрај тоа што чекори во осмата деценија од својот живот. Во младоста, шармантната Филипинка неколкупати беше прогласувана за најдобро облечена славна дама во Шпанија.

Покрај Енрике, кого го има со првиот сопруг Хулио Иглесијас, Изабел има уште четири деца.

