Каја Гербер и Остин Батлер моментално се еден од омилените холивудски парови.
21-годишната ќерка на Синди Крафорд го поддржа својот сакан на галата Time 100, каде беше поканет поради тоа што се вброи помеѓу 100-те највлијателни славни личности за оваа година.
На настанот, кој се одржа во Линколн центарот во Њујорк, Каја носеше фустан од модниот бренд Khaite.







Остин незапирливо се издигнува во филмската индустрија. Оваа година, 31-годишниот актер беше номиниран за Најдобар актер за портретирањето на Елвис Присли во филмот „Elvis“.






