Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мишел Обама неочекувано се појави на Греми за да ја прослави музиката со Алиша Кис, Џеј Ло, Лејди Гага и Џејда Смит

Мишел Обама неочекувано се појави на Греми за да ја прослави музиката со Алиша Кис, Џеј Ло, Лејди Гага и Џејда Смит

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, ги изненади присутните на Греми 2019 со неочекуваното појавување на сцената во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

55-годишната сопруга на Барак Обама буквално блесна во светкава комбинација од Sachin & Babi покрај водителката Алиша Кис, Лејди Гага, Џенифер Лопез и Џејда Пинкет Смит.

Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама

Петте дами одржаа говори во кои ја истакнаа и прославија важноста на музиката.

„Музиката секогаш ми помагаше да ја раскажам мојата приказна. И знам дека тоа е така за сите присутни тука. Без разлика дали сакаме кантри, или рап или рок, музиката ни помага да се изразуваме себеси – нашето достоинство и тага, нашите надежи и радости. Ни дозволува да се слушаме еден со друг, да ги каниме другите во себе. Музиката ни покажува дека сето тоа е важно, секоjа приказна во секој глас, секоја нота во секоја песна, дали сум во право дами?“ – рече Мишел во својот говор.

Видео

Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама Мишел Обама

Подоцна таа сподели заедничка фотографија на социјалните мрежи и истакна дека ѝ било чест да биде покрај Алиша Кис, која ја смета за една од најискрените и најгрижливи личности кои ги познава.

Мишел Обама

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11115 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.