Миранда Кер блескаше на две свечености покрај сопругот Еван Спигел.
На вечерата на дописниците на Белата куќа, 39-годишната манекенка и бизнисменка зрачеше со убавина и елеганција. Поранешниот ангел на „Victoria’s Secret“ носеше нежна розова креација од Шила Франк.






Од Вашингтон, парот отпатува во Њујорк, каде присуствуваше на овогодишното издание на балот МЕТ.
На гламурозниот настан, Миранда зачекори во бел фустан од Оскар де ла Рента, додека основачот на Snapchat носеше класично одело.












