Џанлука Ваки и Шерон Фонсека со малата ќеркичка присуствуваа на премиерата на неговата документарна серија, насловена „Gianluca Vacchi: Mucho Mas“.
На настанот во Болоња, 27-годишната актерка носеше бела креација од Диор, која ја надополни со накит од брендот Cacciari Salvati. Таа позираше на синиот тепих со италијанскиот милионер и нивната едногодишна ќерка Блу Џерусалема.





Серијата, која ќе започне да се емитува на 25 мај на Amazon Prime, прикажува нова страна од личниот живот на славниот милионер, која тој ретко ја покажува на социјалните мрежи.



„Овој филм беше неверојатно патување и горд сум што ќе ви покажам дека приказните никогаш не ја раскажуваат целата приказна“ – напиша Џанлука на Instagram.