Мила Кунис и Ештон Кучер беа дел од гостите на доделувањето на наградите Breakthrough Prize.
На црвениот тепих во Лос Анџелес, славниот пар имаше ретко заедничко појавување. 45-годишниот актер и 39-годишната актерка беа стилски усогласени во црни модни комбинации. Тие изгледаа позаљубено отсекогаш додека позираа пред фоторепортерите.




На настанот им беа доделени награди во вредност од 15 милиони долари на различни научници.



Кунис и Кучер се запознаа во 1998 година на сетот на „That '70s Show“, а започнаа да се состануваат во 2012 година. Тие стапија во брак во јули 2015 година, една година по раѓањето на ќерката Вајат. Нивниот син Димитри се роди во ноември 2016 година.





