Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ми исплука крв в лице и тоа ме разбесни уште повеќе“: Крис Браун зборуваше за ноќта кога ја претепа Ријана

„Ми исплука крв в лице и тоа ме разбесни уште повеќе“: Крис Браун зборуваше за ноќта кога ја претепа Ријана

Во својот документарен филм „Chris Brown: Welcome To My Life“, Крис Браун се отвори за врската со Ријана и зборуваше за ноќта кога брутално ја нападна физички.

Познатиот рапер призна дека се чувствувал како чудовиште и дека се кае за инцидентот кој ќе го прогонува засекогаш.

Ријана и Крис

28-годишниот музичар и 29-годишната пејачка се запознале во 2004 година и веднаш станале пријатели, а по кратко време и се заљубиле еден во друг. Нивните односи тргнале во непосакуван правец кога Крис ѝ признал на Ријана дека пред нивната врска имал сексуални односи со друга девојка, иако претходно го негирал тоа.

„Таа ја изгуби целата доверба во мене. Ме мразеше. Се обидов со сè, но нејзе не ѝ беше гајле. По признанието, таа едноставно не ми веруваше. Оттогаш, сè тргна надолу, бидејќи имаше премногу вербални и физички напади. Од двете страни“ – изјавил тој.

„Се тепавме еден со друг. Таа ќе ме удреше, јас ќе ја удрев, никогаш не беше во ред“ – објаснил тој.

„Се чувствував како е**** чудовиште“ – признал Браун.

РијанаРијана по бруталниот напад

Крис физички ја нападна Ријана во 2009 година, откако парот присуствуваше на забава пред доделувањето на Греми наградите. На настанот, тие се сретнале лице в лице со девојката со која Браун претходно имал сексуална врска.

Ријана започнала да плаче, затоа што се сомневала дека Крис знаел дека девојката ќе биде присутна на забавата и не ѝ кажал. Накратко се потсмириле и пиеле и се шегувале заедно. Но, откако ја напуштиле забавата, Ријана пронашла порака во телефонот на Крис од другата девојка. Во пораката јасно било наведено дека и таа ќе присуствува на забавата. (Во документарецот Крис тврди дека не ја дочитал пораката и дека не знаел за нејзиното присуство.)

„Избувна и го фрли телефонот. „Те мразам“. Започна да ме удира... Ме удри уште неколку пати. Се сеќавам дека се обиде да ме клоцне, па тогаш навистина ја удрив, со затворена тупаница, ја удрив. Ѝ ја расцепив устата. Кога видов, бев во шок. Зошто по ѓаволите ја удрив?“ – рекол Крис.

„Ме плукна в лице. Ми исплука крв на лице и тоа ме разбесни уште повеќе“ – признал тој.

„Ми ги зеде клучевите и се преправаше како да ги фрли низ прозорецот. Јас излегов до колата и ги барав клучевите и некој викна, па таа започна да вреска од нејзината врата: Помош, тој се обидува да ме убие“ - додал Крис.

РијанаРијана по бруталниот напад

За нечовечкото насилство кое го изврши, Браун беше осуден на 5 години условна казна, 6 месеци општествено корисна работа и една година советување против семејно насилство.

И покрај бруталниот напад, Ријана неколку пати имаше изјавено дека Крис е љубовта на нејзиниот живот и имаше признаено дека и по инцидентот, повторно се вратила во неговата прегратка. Но, откако сфатила дека таа нејзина одлука влијае врз животот на многу жени кои минуваат низ истото, го напуштила.

Ријана и Крис

Пред пет години, Ријана се отвори за насилниот инцидент во шоуто на Опра: „Јас бев најмногу повредена... Ми се случи мене, пред светот. Бев засрамена, понижена, повредена, не е лесно. Го загубив мојот најдобар пријател. Сè што знаев се промени, се промени за една вечер и не можев да го контролирам тоа... Чувствував дека единствената личност која сега ја мразат е тој. Тоа беше чуден, конфузен простор за да си во него, бидејќи колку и да бев лута, лута и повредена и предадена, чувствував дека тој ја направи таа грешка затоа што му е потребна помош. А кој ќе му помогне нему? Никој нема да каже дека му е потребна помош. Сите ќе кажат дека е чудовиште без да погледнат во изворот. Бев повеќе загрижена за него.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11039 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.