Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Меланомот е смртоносен“: Клои Кардашијан ја покажа големата лузна на лицето од отстранувањето на туморот

„Меланомот е смртоносен“: Клои Кардашијан ја покажа големата лузна на лицето од отстранувањето на туморот

Клои Кардашијан ја покажа лузната на левиот образ откако ѝ беше направена операција по дијагностицирањето на меланом.

Во трејлерот за следната сезона од нивното шоу „The Kardashians“, е прикажан моментот кога минатата година, 38-годишната риалити ѕвезда дознала дека има меланом, најсериозна форма на рак на кожата. Потоа е покажана фотографија од раната на лицето долга 4 сантиметри по хируршката интервенција.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан

„Меланомот е смртоносен“ – вели Клои во видеото и додава: „Ова е многу посериозно отколку што очекував дека ќе биде“.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан

Клои сподели дека ѝ бил откриен рак на кожата во октомври минатата година.

„Пред неколку месеци, ми отстранија тумор од лицето. Откако забележав мало топче на лицето и претпоставував дека е нешто незначително како акна, одлучив да направам биопсија 7 месеци откако сфатив дека не се менува“ – објаснила таа и додала дека е благодарна што туморот беше откриен навреме.

Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан Клои Кардашијан

Клои има предиспозиции за развивање на рак на кожата. Таа имала операција за отстранување на меланом на грбот уште на 19-годишна возраст.

Клои Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.