Мекензи Фој, младата актерка која ја глумеше ќерката на Бела и Едвард во вампирската сага „Twilight“, успешно продолжи да плива во филмските води.
Талентираната ѕвезда следната недела ќе наполни 18 години, а моментално го промовира својот најнов филм „The Nutcracker and the Four Realms“. На британската премиера на новиот филм на Дизни, Фој се појави во принцески фустан покрај своите колешки Кира Најтли, Ели Бамбер и Мисти Коупленд.
Најтли носеше креација од нејзината омилена модна куќа Шанел.