Меган Фокс и Машин Ган Кели навидум ги оставија љубовните драми зад себе. Популарниот пар со заедничко излегување им потврди на фановите дека е далеку од разделба.
37-годишната актерка и 33-годишниот музичар беа фотографирани во Лондон на промоцијата на неговата нова колекција прстени во соработка со Стивен Вебстер.
Повикувајќи се на анонимни извори, странските медиуми известуваат дека парот напорно работи на врската, но дека ги одложи плановите за свадба.






На почетокот на годината стана јасно дека се соочуваат со љубовни проблеми. Меган во февруари јавно откри дека има турбуленции во нивната врска, со тоа што ги избриша сите фотографии со MGK од Instagram. Нејзината порака „Можеш да ја вкусиш нечесноста, се чувствува во твојот здив“ ги наведе фановите да сметаат дека станува збор за неверство. Многумина побрзаа да ја обвинат гитаристката Софи Лојд дека имала афера со Машин Ган Кели, но Фокс негираше дека трета личност е вмешана.
Меган и Машин Ган Кели ја започнаа врската во 2020 година, а две години подоцна тој ја побара за жена.

