Меган Маркл вообичаено ја гледаме на официјални настани во елегантни изданија, а папараците ретко добиваат шанса да ја фотографираат во секојдневието.
Сепак, најновите фотографии од војвотката од Сасекс ја прикажуваат релаксирана во кежуал аутфит. 42-годишната поранешна актерка беше уловена од објективите на папараците по ручек и на шопинг со пријателката Кели МекКи Заџфен во Монтесито.
Широките шорцеви во војничка зелена боја таа ги искомбинира со едноставна црна блуза и балетанки од брендот Aquazzura.








Меган ѝ беше голема поддршка на Кели кога пред една година го изгуби 9-годишниот син.
По повод Денот на мајката, Кели објави порака во која ја опиша Меган како грижлива, топла и отворена. „Ти секогаш прва велиш ДА и ги поддржуваш оние кои ги сакаш. Ти си им храбра застапничка на оние кои имаат потреба од помош“ – напиша таа.
