Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ме спаси тоа што добив деца“: Анџелина Џоли се отвори за животот како мајка на шест деца

„Ме спаси тоа што добив деца“: Анџелина Џоли се отвори за животот како мајка на шест деца

Анџелина Џоли е ѕвездата која ги краси страниците на новото издание од списанието „Вог“. 48-годишната актерка сними фотосесија во креации од нејзиното ново модно студио Atelier Jolie и зборуваше за идејата за негово основање и животот како мајка на шест деца.

„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот живот ми се промени. Ме спаси тоа што добив деца и ме научи како поразлично да живеам на овој свет. Сметам дека, во последно време, ќе заминев во многу потемен правец ако не сакав да живеам за нив. Тие се подобри од мене, бидејќи такви сакаш да бидат твоите деца. Се разбира, јас сум им мајка и се надевам дека сум нивно безбедно место и стабилност“ – призна Анџелина.

Анџелина Џоли

Холивудската ѕвезда моментално ја промовира својата модна компанија Atelier Jolie, која неодамна ја основаше. Во ова ателје, Џоли цели да им помага на дизајнери и креативци кои имаат талент и сакаат да работат во модниот свет, но немаат соодветни услови.

„Не сакам да бидам голем дизајнер. Сакам да изградам куќа за другите да станат токму тоа. Запознав многу артисти низ годините, многу способни, талентирани луѓе и сакам да гледам како растат“ – изјави таа.

„Документирајќи хуманитарни приказни, во изминатите 20 години го видов негативното влијание на западниот консумеризам врз земјите во развој – од детскиот труд, незаконското ископување на минерали, загадувањето од боите на ткаенините и многу повеќе. Atelier Jolie може да има неверојатно позитивно влијание врз артисти кои често биле непризнаени и потценети. Ние, исто така, имаме можност да започнеме разговори за експлоатацијата на работата сила, загадувањето и отпадот“ – дополни Џоли.

Фотографиите ги потпишува Ени Либовиц, а на една од нив се појавуваат нејзините посвоени деца Захара и Пакс. Тие носат облека од Atelier Jolie за која помогнале да се дизајнира.

Анџелина вели дека не ги принудува децата да се дотеруваат и дека сака да бидат свои личности. „Не им кажувам на децата како да се облекуваат. Дури и кога беа мали, само им поставував облека пред нив. Никој не мора да оди некаде ако не сака. И ако некој не сака да се дотерува, не мора. Сакам да бидат свои личности“ – открила таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25431 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.