Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајкл Џеј Фокс доби почесен Оскар за хуманитарната работа поврзана со Паркинсоновата болест

Мајкл Џеј Фокс доби почесен Оскар за хуманитарната работа поврзана со Паркинсоновата болест

Мајкл Џеј Фокс доби специјална награда за неговата хуманитарна работа и придонесот во истражувањето за Паркинсовата болест, од која страда и самиот.

На 61-годишниот актер од „Back To The Future“ му беше доделен почесниот Оскар (Jean Hersholt Humanitarian Award) на 13-тото издание на Governors Awards во Лос Анџелес.

Ова признание му беше врачено од страна на неговиот колега Вуди Харелсон.

Славниот актер имал 29 години кога дознал дека има Паркинсова болест, а до денес преку својата хуманитарна организација има собрано над 1 милијарда долари за истражување на оваа болест.

„Тоа беше подарок, како што истакна мојот пријател Џорџ Стефанопулос во еден филм. Паркинсоновата болест ја нарекувам подарок којшто продолжува да зема. Но, навистина беше подарок“ – изјави тој.

Мајкл Џеј Фокс Мајкл Џеј Фокс

„Ми беше кажано дека ќе можам да работам уште 10 години. Најтешкиот дел од мојата дијагноза беше справувањето со сигурноста на дијагнозата и несигурноста на ситуацијата“ - вели Фокс.

„Единствено знаев дека ќе станува полошо. Дијагнозата беше дефинитивна, а напредокот беше неодреден и неизвесен“ – додаде тој.

Мајкл признал дека седум години ја негирал болеста додека истовремено се обидувал да ја разбере ситуацијата.

„Им кажав на неколку луѓе, а тие ја чуваа мојата тајна. Тогаш разни специјалисти ми помогнаа да ги разберам физичките процеси во мојот мозок. Конечно, почувствував дека треба да им кажам на сите. Сфатив дека ќе има огромно влијание врз мојата кариера“ – открил Фокс, кој по соопштувањето на веста пред јавноста добил лавина поддршка.

Мајкл Џеј Фокс

„Она што се случи потоа беше извонредно. Огромната поддршка од пошироката јавност, убавата реакција од сите мои колеги во шоубизнисот, луѓето со кои работев... ви благодарам на сите“ – изјавил Фокс.

Неговата сопруга Трејси Полан е негова најголема поддршка од моментот на откривањето на дијагнозата. Во брак се од 1988 година и имаат 4 деца.

„Потоа го контактирав Здружението за поддршка на лица со Паркинсонова болест. Разговарав со пациентите, семејствата и лекарите, водечките научници во областа. И тогаш ми светна дека сè што ми беше дадено, успехот, мојот живот со Трејси, моето семејство, сето тоа ме подготвуваше за оваа голема можност и одговорност“ – додаде Мајкл.

Откако започнал да се запознава со процесот на истражувањето за болеста, Мајкл сфатил дека науката може повеќе да се развива доколку е соодветно финансирана. „Одговорите можат да бидат отклучени со вистинските инвестиции“ – додал тој, опишувајќи го моментот кога одлучи да ја основа својата организација.

Видео:

Мајкл ја доби поддршката од сопругата Трејси и четирите деца со кои позираше на црниот тепих.

Мајкл Џеј Фокс Мајкл Џеј Фокс Мајкл Џеј Фокс Мајкл Џеј Фокс

На настанот присутен беше и неговиот колега од трилогијата „Back to the Future“ - Кристофер Лојд.

Мајкл Џеј Фокс Мајкл Џеј Фокс Мајкл Џеј Фокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.