Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајкл Даглас го победи ракот

Мајкл Даглас го победи ракот

Мајкл Даглас со огромно олеснување соопшти дека неговиот тумор исчезнал. Во интервју за Мет Лауер, 66-годишниот актер изјави дека го победил ракот на грлото.

„Се чувствувам добро, ми олесна. Туморот исчезна“ – задоволно признал Мајкл.

Мајкл ДагласМајкл Даглас во првото интервју по лекувањето

Во август минатата година докторите открија дека Мајкл има тумор на грлото и оттогаш тој се лекуваше со помош на радијација и хемотерапија. Пред два месеци се појавија застрашувачки фотографии од популарниот актер кои ги покажаа последиците од лекувањето.

Мајкл Даглас во текот на лекувањето Мајкл Даглас во текот на лекувањето

Самиот Даглас во интервјуто открива дека изгубил скоро 15 килограми во текот на лекувањето, но дека сега состојбата значително му се подобрила и веќе успеал до одреден степен да ја зголеми тежината.

Даглас признал и дека сега повеќе ја цени љубовта и поддршката од неговото семејство и обожавателите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.