Пинк се посвети на семејниот живот и на својата улога како мајка. Славната пејачка сподели фотографија на која готви додека ги чува своите две деца, за што доби стотици илјади реакции на Instagram.
Покрај бројните критики дека не треба да приготвува јадење на шпорет на плин додека го носи бебето во кенгур, 37-годишната музичка ѕвезда доби лавина од пофалби од родители ширум светот.
Дел од критиките за постапката на Пинк се: „Опасно за твоите деца! Престани да го правиш ова! Ти си одлична пејачка, не треба да го изложуваш твоето бебе на вжештено масло. Дали сте вие луди во денешно време. Оваа фотографија дава одличен пример што не треба да правиш со мали деца. Шокантна фотографија. Се надевам дека ќе те видам да даваш подобри примери.“
„Изненаден сум зошто со сите нејзини пари не платила некој да ѝ готви или да ѝ ги чува децата. Бебето нема да памти како се готват брокули. Стави го во столица и нека гледа од далечина. Несреќи се случуваат и тие деца се премногу блиску до шпоретот.“
„Лично јас не би го држела моето дете пред мене додека готвам.“
Илјадници мајки застанаа во одбрана на славната музичарка, опсипувајќи ја со комплименти што не ангажира дадилки и готвачи за децата, како останатите славни личности, и сама се справува со сите мајчински предизвици.

„Да бидеш мајка е најтешката работа на светот. Тешко е да најдеш време за секое дете, да зготвиш вечера, да ги усреќуваш и да се погрижиш да се чисти. Ти растураш во тоа!!! По ѓаволите со сите „совршени“ осудувачки родители, кои губат време на социјалните мрежи за да наоѓаат грешки во другите, наместо да минуваат време со своите деца. Ти благодарам што ни го покажуваш твојот нормален живот.“
„Таа барем е дома со нив и им готви вечера. Колку мајки всушност готват во денешно време?“
„Сметам дека е прекрасно што таа се поврзува со децата на таков начин. Повеќето познати личности обично ги оставаат во рацете на дадилки. Па браво за тебе. Само продолжи да го правиш тоа што го правиш.“
„Оставете ја на мир, таа е фантастична мајка и има сé под контрола. Критичарите секогаш ќе критикуваат. Постои опасност во секој аспект од мајчинството. Тоа што те прави одлична мајка е во тоа како се справуваш со сè. Сметам дека Пинк е фантастична. Те сакам девојко.“
„Ако не готвиш за своите деца и ако платиш некому за да готви за твоите деца, луѓето повторно ќе пишуваат лоши коментари. Луѓето се едноставно негативни и здосадени им се нивните сопствени животи. Само продолжи да ги следиш твоите мајчински инстинкти.“

Пинк е мајка на 6-годишната Вилоу и 7-месечниот Џејмисон.
