Маја Гроздановска-Панчева прослави голем јубилеј. Македонската пејачка со вечера со семејството и пријателите го одбележа 50-тиот роденден.
Маја објави фотографии со најблиските, а на едната од нив позира со сопругот Дарко и двете ќерки Марија и Надица.





Минатиот месец, Маја со ќерките го придружуваше Дарко на промоцијата на докуметарниот филм за неговата кариера.

