Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Маријана и Росана слават роденден: „Да можев да бирам, пак тебе би те избрала за сестра“

Маријана и Росана слават роденден: „Да можев да бирам, пак тебе би те избрала за сестра“

Маријана и Росана денес го прославуваат нивниот 59-ти роденден.

Сестрите-близначки, кои ни подарија многу безвременски хитови, со емотивни зборови го одбележаа овој специјален ден.

На својот Facebook профил, Маријана сподели заедничка фотографија и напиша:

„Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, мојата ѕвезда… Да можев да бирам пак тебе би те избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“.

Потоа, Маријана објави видео во кое свири и пее песна за Росана.

„Мила моја, не се договоривме да ме расплакуваш“ – ѝ напиша Росана во коментар, на што Маријана возврати „Ах да можам да те гушнам баш на овој ден“.

Маријана веќе долги години живее во Австралија, па затоа не можат заедно да го прославуваат роденденот.

Маријана и Росана

Ова лето, Маријана и Росана ја израдуваа публиката во скопски локал, настапувајќи заедно за првпат по речиси 20 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.