Марго Роби континуирано копира „Барби“ стајлинзи со кои алудира на нејзината улога во филмскиот хит „Barbie“ и честопати стилскиот избор ѝ е обоен во розово. Но, холивудската ѕвезда на Critics' Choice Awards покажа дека и црвената боја ѝ стои фантастично.
33-годишната актерка се појави на свеченоста во Санта Моника во црвен фустан кој ѝ ја оцрта силуетата. Креацијата со тридимензионални рози е дело на модната куќа Balmain.
Од модни додатоци, Роби носеше блескав накит од Лорејн Шварц и обувки со потпис на Маноло Бланик. Накитот вклучуваше овални дијамантски обетки од 60 карати и






Убавата актерка и продуцентка позираше со својот сопруг, Том Акерли.


„Barbie“ имаше 18 номинации, а освои 6 статуетки, меѓу кои и за Најдобра комедија.