Малума има многу среќна вест. Славниот пејач ќе стане татко.
Преку неговиот нов спот за песната „Procura“, 29-годишниот музичар открива дека неговата девојка Сузана Гомез е бремена со нивното прво дете.
Во видеозаписот, прикажани се снимки од нивниот приватен живот, а потоа се прикажуваат моментите кога за првпат ќе го видат нивното бебенце на прегледот со ултразвук.
На крајот се открива дека парот очекува девојче.
Малума и Сузана се заедно од август 2020 година.




